На неколку локации на Халкидики, доцна синоќа избувнаа пожари, веројатно предизвикани од громови, но не претставуваат опасност, додека пак значително е подобрена ситуацијата на грчкиот остров Евија и на Пелопонез, јавува новинската агенција МИА.
Засега активен е еден пожар во Фурка, каде што каде што интервенираат 76 пожарникари со четири пешадиски тимови, со 29 возила и по еден авион и хеликоптер. Невремето проследено со дожд во текот на ноќта помогна и им ја олесни работата на пожарникарите во северниот дел на Евија, кои од 3 август се обидуваат да го стават под контрола пожарот.
- Грчката влада ќе расправа за финансиска помош на оштетените во пожарите
- Во Грција трет ден пожари, спасено местото на древните Олимписки игри
- Србија испраќа во Грција 37 пожарникари со 13 возила и три хеликоптери
Во тој дел и натаму интервенираат 858 пожарникари, како од Грција, така и од Србија, Романија, Полска, Словачка, Украина и Молдавија, а од воздух, пожарот се гаси со четири хеликоптери и три авиони од кои два се руските.
Активен е и пожарот во западниот дел на Пелопонез, каде што интервенираат 678 пожарникари со 30 пешадиски тима и 218 возила, а во справувањето со огнената стихија, помагаат и противпожарните сили од Чешка, Велика Британија, Франција, Германија и Австрија. Од воздух, пожарот се гаси со три авиони и два хеликоптери.