Американските власти тврдат дека вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ се безбедни за бремени жени

Американските здравствени власти соопштија дека вакцините против ковид-19 се безбедни и за трудници и дека последното истражување покажало дека вакцините не го зголемуваат ризикот за спонтан абортус. Тие ги повикаа бремените жени да се вклучат во процесот на имунизација.

Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести Рошел Валенски ги охрабрува сите бремени жени и доилки кои размислуваат дали да се вакцинираат против ковид-19, да го сторат тоа.

„Вакцините се безбедни и ефикасни и никогаш до сега не било поитно да се зголеми имунизацијата бидејќи се соочуваме со многу преносливата варијанта на делта и гледаме тешки и лоши исходи од ковид-19 кај невакцинирани бремени луѓе“, изјави Валенски.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

КОВИД-19 со различни влијанија врз бремени жени

Според последната анализа на американскиот центар направена од податоците добиени од 2 500 илјади бремени жени кои ја примиле вакцината пред 20 гестациска недела е утврдено дека дека не постои зголемен ризик од спонтан абортус. Станува збор за жени кои примиле МРНА тип на вакцина, односно до Фајзер и Модерна.

„Придобивките од примање вакцина против ковид-19 за бремени жени ги надминуваат сите познати или потенцијални ризици“, се вели во соопштението од американскиот центар.

На ова соопштение му претходи информацијата дека Калифорнија стана прва американска држава која побара сиот училиштен кадар да биде вакциниран против ковид-19 или да бидат редовно тестиран. Властите во Калифорнија ова барање го сметаа за одговорен чекор кон осигурување на безбедноста на децата.
Барањето за вакцинација во училиштата во Калифорнија следи по слични наредби што се однесуваа на административните службеници и здравствените работници. До ова дојде откако бројките на новозаразени со ковид-19 во изминативе 6 месеци пораснаа и достигнаа седумдневен просек од околу 118 илјади заразени.