Активни три поголеми пожари, ангажирани и експерти од Франција, Црна Гора и САД

Ласкарце, Општина Сарај

На територија на земјава до синоќа имаше шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други беа локализирани, а еден е ставен под контрола. Во Центарот за управување со кризи состојбата со пожарите се следи преку системот НИКС кој дава податоци во реално време и кои потоа се дигитализираат, а како помош во справувањето со огнените стихии во земјава се вклучија и експерти за високоризични пожари од Франција, Црна Гора и САД. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов н вчера попладне во просториите на ЦУК оствари средба со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз. Целта на средбата, како што информира Центарот, била претставувањето на тимот од Шумската служба на САД, којшто како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со шумските пожари, во наредните две недели ќе пружи поддршка на субјектите и на ЦУК на стратешко и тактичко ниво, но и ќе се програмираат активности за понатамошна соработка.

Кривична против прилепчанец за предизвикување пожар

Како што информираше вчера портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски во земјава пристигнале експерти за високо ризични пожари од Франција, од Црна Гора и од САД. Француските експерти вчера имале средба во ЦУК и веднаш стапиле во акција, заминувајќи на лице место од тло и од воздух да го видат пожарот во село Ласкарци, по што одржале состанок во Противпожарната бригада во Скопје, на кој се разгледани можности, како, кои методи и кои тактики да се преземат за гаснење на пожарот, кој е на исклучително стрмен терен.

Пожарот над Ласкарци се гасне со армиски хеликоптери

Во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на државата во претходното деноноќие биле ангажирани околу 650 полициски службеници со 163 возила, при што реализирале 221 мото-патроли. Според извештај на ЦУК, до 16 часот на територијата на земјава имало шест активни пожари. Активни беа пожарите над селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје во Општина Петровец, еден во Прилепско, два во Велешко и на градската депонија во Виница.