Макрон: коронавирусот „не е зад нас“

Макрон ги повика Французите да се вакцинираат

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека коронавирусот „не е зад нас“ и уште еднаш ги повика Французите да се вакцинираат. „Здравствената криза не е зад нас, многу е јасно. Же живееме со вирусот уште неколку месеци", рече тој по состанокот на владата за борба против коронавирусот. Во последниве недели, секојдневно се забележува зголемување на бројот на заразени лица во Франција, поради појавата на делта видот коронавирусот, кој се шири побрзо.

Уставниот совет на Франција одобри употреба на здравствен пасош

Секој ден, локалните здравствени власти регистрираат повеќе од 22,000 нови случаи. Околу 45 милиони луѓе во Франција примиле барем една доза од вакцината, 67 проценти од населението, додека 56 проценти се целосно заштитени. Потребен е сертификат QR код за влез во ресторани и кафулиња, како и за патување со авион, воз или автобус. Мерката е дел од владиниот план за поттикнување на вакцинацијата и запирање на ширењето на вирусот.