Во Алжир тридневна жалост поради загинувањето на 65 луѓе во шумските пожари

шумски пожари во Алжир

Бројот на жртвите од шумските пожари во Алжир се искачи на 65. Меѓу загинатите има 28 војници, а алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун прогласи тридневна жалост низ целата земја за да им се оддаде почит на загинатите. Работата на сите институции во Алжир од денеска ќе биде прекината.

Грците гневни поради пожарите, Мицотакис се извини

Десетици шумски пожари избија во понеделникот во планинскиот регион Кабилија во кои беа уништени куќи во селата и маслинови дрвја. Најголем број жртви има во провинцијата Тизи Узу, на околу 150 километри источно од главниот град на Алжир. Метеоролозите најавија дека денеска во таа земја се очекуваат температури до 47 степени.