Кривична против прилепчанец за предизвикување пожар

Противпожарно возило

Прилепчанец доби кривична пријава под сомнение дека предизвикал пожар во прилепското село Дабница, соопшти попладнево МВР.

Прилепчанецот на возраст од 34 години биле приведен на 6 август, а потоа на барање на полицијата Обвинителството против него поднело кривична пријава.

Во Македонија повеќе од една недела беснеат пожари, а досега повеќе од 10 луѓе се приведени за подметнување или за предизвикување пожари.