Нови четири пункта за вакцинација во Скопје

Вакцинирање против ковид-19 во Македонија

Поради зголемениот интерес за вакцинација од денеска ќе бидат отворени четири дополнителни пункта за имунизација против ковид-19 во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, информира Министерството за здравство. Во две смени, како што посочува Министерството, ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто. „Вакцини има доволно, во сите пунктови се надополнуваат подеднакво потрошените количини.

Ковид мерки- После свадба тапани

На располагање се околу 400.000 дози вкупно од сите производители од кои 200.000 за прва доза. За прва доза имаме 80.000 Синовак, 50.000 AстраЗенека и 70.000 Фајзер. Нови 518 случаи на коронавирус, четворица починати Секоја недела пристигнуваат по околу 20.000 до 30.000 на Фајзер и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината“, велат од Министерството за здравство, наведувајќи дека вакцините се безбедни и се единственото оружје во борба против ковид-19.