Штрајк заради поголеми плати на германските машиновозачи

Илустрација: Полиција на железничката станица во Минхен

Синдикатот на машиновозачи на германската железница Дојче бан, повика на штрајк кој би требало да трае до петок, а е поддржан од 95 отсто од членовите.

Синдикатот за денеска најави акција која прво ќе ги опфати товарните возови.

Синдикалниот лидер Клаус Веселски рече дека „глобалната акција“, штрајк кој ќе се прошири и на останатите возови ќе трае од среда до петок.

Синдикатот бара зголемување на платите за 3,2 отсто и еднократен „коронавирус бонус“ од 600 евра.

Управата на Дојче бан ги одби барањата.