За да добиеш интернет во Туркменистан треба да се заколнеш врз Куранот дека нема да користиш ВПН

Илустрација

Интернет корисниците во строго контролираниот Туркменистан во Централна Азија вели дека биле принудени да се заколнат врз Куранот дека нема да користат Виртуелни приватни мрежи (ВПН).

Неколку интернет корисници во екстремно изолираната поранешна советска република за Радио Слободна Европа рекоа дека од властите биле натерани да се заколнат врз светата книга на муслиманите дека никогаш нема да користат ВПН откако аплицирале за интернет врска во нивниот дом.

Виртуелните приватни мрежи се нелегални во Туркменистан, но во светот се користат за заобиколување на владините ограничувања на интернет.

„Чекав година и половина откако ги поднесов неопходните документи и пополнив апликаџија за инсталирање безжичен интернет во мојот дом. Сега велат дека мора да се заколнам на Куранот дека нема да користам ВПН, но ништо не е достапно без ВПН. Не знам што да правам“, изјави еден интернет корисник за РСЕ.

Локален дописник на РСЕ јави дека службеник во Министерството за национална безбедност бања секој интернет корисник да се заколне врз Куранот.

Властите во Туркменистан во години блокираат бројни интернет страници, како Фејсбук, Јутуб, Твитер, како и сајтови кои нудат ВПН услуги и апсат луѓе кои ги инсталираат овие услуги на нивните мобилни телефони.

Туркменистан е една од најлошите земји во светот кога се работи за цензура на интернет.