Активни осум пожари, ЦУК дигитално ја следи состојбата

илустрација

Во земјава до синоќа беа активни осум шумски пожари, а останатите се делумно локализирани. Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи преку системот НИКС, кој ги дигитализира сите податоци од терен, од вчера раководи со справувањето со шумските пожари. „Сите податоци од терен ги имаме на едно место, тоа му помага на Главниот штаб да носи квалитетни одлуки, да врши подобра координација на силите на терен“, рече вчера директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Тој истакна и дека сите села во чија близина беснеат пожари се обезбедени, местата се изорани и направена е тампон зона преку која пожарот не може да премине.

Максути: Механизмот на ЕУ за цивилна заштита е активен од почетокот на пожарите

Досега полицијата уапси 14 лица осомничени за предизвикување шумски пожари на повеќе локации во земјава, а во активностите за гасење и превенирање на пожарите во изминатото деноноќие биле ангажирани 644 полицајци. Биле реализирани и 222 мото патроли, при што се користени 205 возила. Активен пожар има и во Општина Сарај близу селата Раовиќ и Буковиќ, како и во Општина Петровец кај селото Дивје на месноста викана Крушје, кој беше ставен под контрола, но повторно се прошири. Повторно е активен и пожарот во Општина Чашка, кај село Владиовци, кој вчера беше локализиран во утринските часови, меѓутоа во 13:30 часот повторно се активираше.

Ослободени од надоместок воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија кои помагаат во гаснење на пожарите

Вчера попладне избувна пожар и во селото Герман во Општина Ранковце, но делумно е ставен под контрола. Под контрола е и пожарот во штипските села Драгоево и Селце, иако на одредени места има појава на чадење. Вчера попладне се појавија пожари и во велешките села Којница, Крајница и Извор каде гори нискостеблеста мешана шума, како и во кочанско Костин Дол, но тие се држат под контрола и нема опасност да се прошират.