САД со нови санкции против Лукашенко

Белорускиот претседател Александар Лукашенко


Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша извршна наредба со која се воведуваат нови санкции против режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, додека Соединетите држави го зајакнуваат притисокот врз неговата влада во координирана акција со Обединетото Кралство и Канада.

САД на годишнината од спорните претседателските избори во Белорусија ги воведуваат најголемите санкции против белоруски поединци и ентитети, насочени кон економијата на земјата и Белорускиот национален олимписки комитет, изјави претставник на Белата куќа.

Таквата одлука е донесена откако белоруската спринтерка Кристина Тимановскаја за време на олимпијадата во Токио одби да се врати во Белорусија Оттогаш, таа побара бегалски статус во Полска.

Западните влади се обидоа да го зголемат притисокот врз Лукашенко, кој е обвинет за лажирање на изборите во август 2020 година и за сузбивање на опозицијата и протестите против неговото владеење кое трае 27 години. Лукашенко негираше дека изборите биле наместени.