Нови 143 случаи на ковид, починати две лица на возраст од 31 и 70 години

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта. Илустрација.

Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19. Најмногу од нив се во Скопје- 79. Оздравени се 32 пациенти, а пријавени се 2 починати лица од Тетово на возраст од 31 и 70 години.

Досега во земјата се направени вкупно 1.022.293 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099.