Евакуација на две села во Сибир поради пожари

чад од шумски пожари над малиот град Кисил-Сир, Република Саха, познатa и како Јакутија, Русија

Руските власти евакуираа две села во сибирскиот регион, каде што беснеат 155 шумски пожари. На десетина села во руската република Јакутија во североисточен Сибир им се закануваат пожари, соопштија регионалните служби за вонредни состојби. Локалните власти ги евакуираа жителите на селата Калвица и Карјалах во други населени места, додека 3.600 пожарникари ги гаснат пожарите.

Пекол на Земјата: шумски пожари од Југоисточна Европа до Сибир

Во саботата изгореа 31 куќа и осум згради во селото Биас-Куел, а околу 400 жители беа евакуирани, соопштија локалните власти. Гувернерот на Јакутија, Ајсен Николајев им нареди на службениците да ги исчистат патиштата околу загрозените населби од изгорени и паднати дрвја. Во последните години Русија забележа рекордно високи температури, за кои многу научници веруваат дека се резултат на климатските промени. Високата топлина и непочитувањето на правилата за заштита се причина за зголемен број пожари.