Романскиот авион ќе го гасне пожарот во Петровец

Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари

Романскиот авион денеска ќе интервенира на пожарот во село Дивје на местото викано Крушје во Општина Петровец кој се префрли на скопска територија од општина Велес. Ова, како што истакна помошникот раководител на Центарот за управување со кризи Марија Милкова на денешната прес-конференција, е договорено на денешната координација во Главниот штаб.

„Авионот ќе дејствува во повеќе наврати со цел да се локализира пожарот. Би сакала да апелирам до корисниците на дронови, кои ги користат во областите каде има големи пожари, деновиве да не ги користат од безбедносни причини во воздушните простори каде имаме пожари, бидејќи им сметаат на воздухопловите кои ги гасат пожарите. Можат да добијат дозвола да ги користат во местат каде е безбедно“, рече Милкова.

Неколку земји испратија помош во гаснењето на пожарите во Македонија. Романија испрати авиони за гаснење пожар кои имаат поголем капацитет.