Во Косово од 20 август само вакцинирани ќе можат во трговски центри, ноќни клубови и на забави

Вакцинација во Косово

Граѓаните на Косово од 20 август ќе мора да имаат примено барем една доза вакцина против коронавирус за да може да одат во трговски центри, ноќни клубови и на семејни забави, соопшти денеска Угостителско-туристичката комора на Косово.

Во соопштението се наведува дека на состанокот со министерот за здравство Арбен Витиа била донесена и одлука за задолжителна вакцинација на вработените во овој сектор, кои мора да ја исполнат до 12 август.

На состанокот станало збор и за тоа работното време на ноќните клубови кои сега работат до 23 часот, да се продолжи до 3 наутро.

Министерот Витиа на вчерашната седница на косовското собрание најави воведување на нови мерки за превенција на заразата, кои со посебна одлука би требало владата да ги донесе на 11 август.