Триесет и пет годишен човек од Кавадарци е осомничен дека го предизвикал пожарот во кругот на поранешната фабрика Охис, соопшти МВР.
Полицијата утврдила дека човекот од Кавадарци додека вршел заварување на ограда во кругот на „Охис“, го предизвикал пожар во оваа фабрика што избувна во четвртокот попладне.
„По целосно документирање на случајот против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик“, се наведува во соопштението на МВР.
МВР информира дека во врска со пожарот во кругот на фабрика „Охис“ во Скопје на службен разговор во полициска станица биле повикани повеќе лица.
Во пожарот беа опожарени покривот и таванот на административната зграда, кат од зградата на лабораторијата, трафостаница, багер, резервоар за вода и магацин за алат, сите во сопственост на правно лице.