Петто приведено лице за предизвикување пожар

Илустрација. Пожар во Делчевско.

Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека е приведен 34-годишен жител на гостиварското село Добридол, кој се сомничи дека го предизвикал пожарот во селото. Пожарот е локализиран.

Ова е петто приведено лице осомничено за предизвикување пожар во последните три дена.

Во текот на денешниот ден беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, вчера за пожар во ресенско, а на 4 август беше лишен од слобода албански државјанин за пожарот над село Пожаране, Општина Врапчиште.

Во меѓувреме, полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане.