Од утре ќе се следи како медиумите ќе известуваат за изборите

Аенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги(АВМУ) соопшти дека од утре почнува со мониторинг на изборното медиумско известување на радиодифузерите за локалните избори 2021 година.

Во периодот до почетокот на изборната кампања, како што посочуваат од Агенцијата, предмет на надзор ќе бидат првиот телевизиски програмски канал на Јавниот сервис – МРТ1 и шесте комерцијални телевизии на државно ниво кои имаат просечен неделен досег над 10 проценти – ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа и ТВ 24 Вести. Сите останати програмски сервиси ќе се мониторираат врз основа на претставка.

Предмет на мониторинг ќе биде нивната вкупна програма, со посебен фокус на централните изданија на вестите и посебните информативни емисии во кои учествуваат претставници на власта (државна/локална), на политички партии и други потенцијални учесници во изборите. Ќе се мониторираат и сите други програми во кои има потенцијални учесници во изборите без оглед на причините за нивното појавување.

Локалните избори се закажани за 17 октомври 2021 година.