Сообраќајот на патниот правец Велес – Штип се одвива по една коловозна лента

Од 18:15 часот сообраќајот на патниот правец Велес – Штип се одвива по една коловозна лента, поради намалена видливост од пожар, соопштија од АМСМ. Претходно, АМСМ извести дека од 17:45 часот во прекин е патниот правец Велес-Штип кај Градска депонија поради намалена видливост од пожар.

Од 16 часот во прекин е и патниот правец Кочани-Виница-Берово, исто така поради намалена видливост од пожар.

На граничните премини нема подолги задржувања, освен на Табановце каде поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, соопштија од АМСМ.