Нови 325 заразени со ковид-19, еден починат

Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Во последните 24 часа регистрирани се 325 нови случаи на ковид-19 од направени 5.959 тестирања, соопшти Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје има 101 нов случај, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово - 26, Струга - 10, Охрид, Дебар и Кичево – по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод – по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево – по 3, Кавадарци и Штип – по 2, Битола, Велес, Берово и Виница – по 1.

​Регистрирани сe 11 оздравени пациенти.

Пријавено е едно починато лице од Битола (55г), починатo во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 157.251 бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.