Државната изборна комисија наскоро ќе ги набави уредите за идентификација на гласачите со отпечаток од прст, соопштија на денешната седница на ДИК. Добиле известување дека е одбиена жалбата за набавка на ваквите уреди со што во наредниот период може да се договорат со економскиот оператор за набавка на истите.
Од ДИК додадоа дека со тоа е исполнет и последниот услов за одржување на изборите и, како што истакнаа, се надеваат дека ќе се оствари правото „еден гласач, еден глас“.
Наведоа дека првата испорака треба да биде за околу 20 дена и тоа пет проценти од вкупниот број, од четири илјади.
„Ние имавме подготовки од два дена кои траеја по цел ден, така што сме подготвени за почеток на изборите, ја чекаме одлуката на претседателот на Собранието Талат Џафери. По донесувањето на одлуката и добивањето од страна на Службен весник, веднаш ќе одржиме седница на која треба да го донесеме роковникот за спроведување на локалните избори, посочија од ДИК.
Попладнево Џафери треба да ги распише локалните избори.