Времето денеска: променливо облачно и посвежо

Ќе биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува. Дневната температура ќе биде од 26 до 37 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 33 степени.