Бајден: сајбер нападите можат да доведат до „вистинска војна“

Претседателот на САД Џо Бајден говори пред разузнавачката заедница на САД на 27 јули 2021.

Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека голем сајбер напад врз САД може да доведе до „вистинска војна“, во коментарот врска со Русија и Кина како закани за националната безбедност на САД. „Мислам дека е повеќе од веројатно дека ќе завршиме, ако завршиме - во вистинска војна. Тоа ќе биде како последица на сајбер прекршувањата со големи последици“, рече Бајден во говорот пред разузнавачката заедница на САД на 27 јули, наведувајќи зголемен број сајбер напади против владини агенции и приватната индустрија, кои американските власти ги поврзуваат со Русија и Кина.

Стејт департментот нуди до десет милиони долари за информации за хакерски напади

Сајбер безбедноста се пресели на врвот на агендата на администрацијата на Бајден по низата напади за време на неговите први шест месеци на функцијата, вклучително и нападите за откуп. На самитот во Женева со рускиот претседател Владимир Путин во јуни, Бајден рече дека двајцата лидери разговарале за зачувување на 16 типа на критична инфраструктура за ограничување на сајбер нападите, вклучително и енергетскиот и водниот сектор.

Хакираната американска софтверска компанија доби клуч за отклучување на податоците

Бајден ја презеде функцијата за да се справи со последиците од хакирањето на SolarWinds што ги погоди американските владини агенции и бизниси, софистициран напад за кој се обвинети руските хакери на владата. Осомничени криминални групи со седиште во Русија, исто така, се поврзани со напади од висок профил на рансомвер насочени кон „Колонијал гасовод“, гигантот за преработка на месо ЈБС и технолошката фирма „Касеја“, што влијаеше врз стотици бизниси на глобално ниво.