Коментатор на грчка телевизија доби отказ за навреда на јужнокорејски спортист

илустрација

Спортски коментатор на грчката државна телевизија ЕРТ бил отпуштен од работа затоа што за време на преносот расистички коментирал пинг-понгар од Јужна Кореја. На натпреварот помеѓу Кореецот Јуенг Јанг-Сик и Гркот Панајотис Гијонис, коментаторот Димостенис Кармирис изјави дека тој „не разбира како Корејците ја гледаат топката, бидејќи нивните очи се толку тесни“. Неколку часа подоцна, ЕРТ на својата веб-страница објави дека „расистичките коментари немаат место на јавната телевизија“ и дека договорот со Кармирис е раскинат.
Јуенг го победи Гијонис со 4: 3 во сетови.