Стапува во сила законот на Инцко за забрана за негирање геноцид во БиХ

Високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко

Во Службен весник на Босна и Херцеговина вчера беа објавени измени и дополнувања на Кривичниот законик на БиХ, со кои се забранува и казнува негирање на геноцид и величење на воени злосторства. Официјалната веб-страница на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) наведува дека законот стапува во сила осум дена по објавувањето на веб-страницата на ОХР или ден по објавувањето во Службен весник на БиХ. Ова значи дека новите одредби од Кривичниот законик на БиХ, кои се однесуваат на негирање на геноцид, ќе стапат во сила денеска. Високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, кој го завршува својот мандат во БиХ на крајот на јули, донесе одлука на 23 јули, со која се воведува закон за забрана за негирање на геноцид во БиХ.

СБ на ОН го отфрли предлогот за укинување на високиот претставник во БиХ

Веднаш по објавувањето на одлуката, Обвинителството на БиХ формираше предмет, нагласувајќи дека во соработка со безбедносните и полициските агенции ќе ги собере сите соопштенија поврзани со негирање на геноцид и глорификација на лица осудени за воени злосторства. Со оглед на тоа што законот ќе стапи во сила денеска, Обвинителството на БиХ, исто така, денеска треба да ги следи и документира изјавите што ја кршат забраната за негирање на геноцид. На завчерашниот состанок на претседателите на парламентарните партии на РС беше донесена одлука да не се дозволува претставници на Србите да учествуваат во работата на институциите на БиХ - Претседателството на БиХ, Парламентот на БиХ и Советот на министри.

Осуда за бојкотот на босанскиот парламентот од пратениците од Република Српска

Поради одлуката на високиот претставник Инцко да наметне закон за забрана за негирање на геноцид, на состанокот беше заклучено дека српските претставници нема да се повлечат од институциите на БиХ, но дека засега нема да учествуваат во нивната работа, бидејќи сметаат дека немаат услови. Српските политички водачи исто така посочија дека не го прифаќаат наметнатиот закон и најавија дека Националното собрание на РС треба да заедава в петок во врска со одлуката на високиот претставник. Најавено е усвојување на два закона, што треба да биде одговор на одлуката на Инцко. Сесијата ќе биде затворена за јавноста.