Временска прогноза – Сончево, а попладне краткотраен дожд

Скопје.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8. Во Скопје дневната температура ќе достигне до 33 степени.

Следува период на стабилно и топло време, со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а особено топло се очекува кон средината на следната седмица, кога на места ќе го достигнат 40-тиот степен.