Свечено отворање на Олимписките игри во Токио

Токио

Олимписките игри во Токио ќе бидат отворени денеска со свечена церемонија на Олимпискиот стадион, а на Игрите се очекува да учествуваат околу 11.000 спортисти. Олимписките игри во Токио требаше да се одржат минатото лето, но тие беа одложени за една година поради пандемијата на коронавирусот. Свеченото отворање ќе започне во 13 часот, а Игрите ќе траат до 8 август. Организаторите најавија „поскромна“ церемонија, за разлика од претходните, со цел да останат во согласност со здравствената состојба и да го намалат ризикот од инфекции.

Тојота се откажува од рекламите поврзани со Олимписките игри

За време на Олимпијадата, односно до 22 август, ќе биде во сила вонредна состојба во Токио и околните префектури поради пандемијата. Атлетичарите и другите учесници ќе бидат редовно тестирани, нивното движење ќе биде ограничено и ќе мора да се придржуваат до посебни мерки. Организаторите се заканија дека ќе го дисквалификуваат секој спортист што не ги почитува правилата.