Заев и Ахмети договорија соработка за локалните избори

Соработка на локалните избори планирани наесен договориле коалиционите партнери во владата, Зоран Заев и Али Ахмети. Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека на попладневната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети договориле соработка за изборите и меѓусебна поддршка во некои општини уште во првиот, а во други во вториот круг.

„Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори“, напиша Заев во објавата на Фејсбук.

Премиерот потенцира дека заедничка цел на СДСМ и ДУИ е во предизборната соработка да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција.

Заев претходно изјави дека имал средби и со лидерите на ДПА и на Беса, Мендух Тачи и Билал Касами. Тој вели дека е потврдено дека меѓусебно ќе си помагаат на изборите.