Резолуцијата за „црвените линии“ во Собрание, за Заев проблем само уставното име

Седница на Собранието

Ја прифаќаме суштината и структурата на Резолуцијата, како и текстот, без да менуваме ниту точка, ниту запирка, рече денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали доколку не стои уставното име на државата во текстот на Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за националните црвени линии, истата ќе ја поддржи.

„Но, кога премиерот ќе поддржи документ спротивно на Уставот, тоа зборува за Владата, тоа зборува за државата, тоа зборува за институциите„ рече Заев.

Инаку денеска на дневен ред на собраниската седница е резолуцијата која ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а во не се наведува уставното име туку Република Македонија. Во резолуцијата пишува дека за гледање кон минатото треба инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, а се бара да се почитува просторниот и временскиот континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти, како и да се почитува автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, сето тоа базирано на сознанија на науката и утврдените факти, теории и истражувања и почитување на меѓународното право.

Вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи рече дека ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, доколку се користи уставното име на државата, а Резолуција во која нема уставно име, како што рече, нема правна форма.