Режисерот на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио доби отказ

Олимписки игри во Токио 2020, спортскиот парк Ариаке, Токио

Режисерот на шоуто на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Токио е разрешен, еден ден пред одржувањето на церемонијата. Кентаро Кобајаши, кој порано беше комичар, беше жестоко критикуван откако неодамна се појавија снимки од комедија во 1998 година, во кои тој се чини дека се шегува со холокаустот. Претседателот на Организацискиот комитет Сеико Хашимото денеска го објави разрешувањето на Кобајаши, велејќи дека на видеото биле исмејувани „болни факти од историјата“. Кобајаши издаде изјава во која се вели: „Забавата не треба да ги тера луѓето да се чувствуваат непријатно. Јас разбирам дека мојот глуп избор на зборови во тоа време беше погрешен и жалам за тоа“.
Организаторите на Олимписките игри во Токио сега преоценуваат како да се одржи утрешната церемонија на отворање.

Шефот на СЗО вели дека Олимписките игри треба да се одржат и покрај ризиците

Ова се случи неколку дена откако еден композитор кој работел на церемонијата се повлече од функцијата по критиките за неговите стари интервјуа во кои тој опишува како во детството малтретирал соученици. Во февруари, шефот на организациониот одбор Јоширо Мори се повлече од функцијата откако даде забелешки за жените кои беа критикувани како „несоодветни“. Организаторите, исто така, се соочуваат со зголемени случаи на коронавирус меѓу спортистите и официјалните лица. Тие велат дека околу 90 лица акредитирани за настанот биле позитивни.