Главниот здравствен инспектор Ангел Канчев, на денешниот брифинг во Министерството за здравство на Бугарија, изјави дека е запрено намалувањето на новозаразени лица со ковид-19 и оти сега секое трето лице е заразено со делта-сојот. Според него, постепено ќе го зголемуваат бројот на случаи во јули, а многу побрзо во август.
Тој истакна дека меѓу земјите со најголема инциденца во моментот се земјите со активен туризам – Кипар, Шпанија, Португалија и Грција.
Според него, сепак, доколку се почитуваат рестриктивните мерки при граничната контрола, може да се забави ширењето на делта сојот, на кој веќе се должат над 50 проценти од случаите во Европа.