Прва седница на новиот бугарски парламент

празни места во бугарскиот парламент

За денеска е најавена првата седница на новоизбраниот бугарски парламент по предвремените парламентарни избори на 11 јули. Мика Зајкова, која е најстара пратеничка, ќе претседава со 46-тото Национално собрание, по што заклетва ќе положат 240-те пратеници и ќе се интонираат химните на Бугарија и на Европската унија. Потоа ќе следи изборот на претседателот на новото Национално собрание. Партијата „Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов се очекува повторно да ја предложи Ива Митева за претседател на 46. Народно собрание.

Неформални разговори на „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“ за формирање влада

Лидерот на втората најголема партија, ГЕРБ, Бојко Борисов, соопшти дека нема да номинираат претседател, туку само заменик претседател. Третата политичка сила во парламентот – Бугарската социјалистичка партија го номинира поранешниот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин за претседател. Меѓутоа, како што јавуваат локалните медиуми, можно е четвртата партија во бугарскиот парламент – „Демократска Бугарија“ да се бори за претседателската функција во замена за поддршка за идната влада на партијата на Слави Трифонов. Според бугарскиот Устав, за формирање на нова влада мора да се обезбедат 120 пратеници. Засега, „Има таков народ“, со 65 пратеници, може да ја обезбеди поддршката на „Демократска Бугарија“ и „Стани. Мафијата надвор “ со 34 и 13 пратеници, што нема да биде доволно за формирање самостојна влада.

Бугарската привремена влада бара оставка од обвинителот Гешев

Доколку пратениците не можат да изберат нов претседател на Народното Собрание, поранешниот премиерот Бојко Борисов смета дека тоа ќе биде чекор кон нови трети парламентарни избори годинава. Според законот, привремената влада на Бугарија мора да поднесе оставка на првиот ден од новоизбраниот парламент и да работи до изборот на редовна влада.