Шефот на СЗО вели дека Олимписките игри треба да се одржат и покрај ризиците

Спортисти пристигнуваат на Олимпијадата во Токио

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) изјави дека Олимписките игри во Токио треба да продолжат со цел да му покажат на светот што може да се постигне со правилен план и здравствени мерки. Говорејќи денеска во Токио пред Меѓународниот олимписки комитет, Тедрос Аданом Гебрејезус рече дека на светот му се потребни Олимписките игри „како прослава на надежта“. „Олимписките игри имаат моќ да го зближат светот, да инспирираат, да покажат што е можно“, рече тој. Игрите во Токио започнуваат на 23 јули во услови на зголемена загриженост за безбедноста, при што пристигнаа илјадници странски спортисти и помошен персонал додека многу заразната варијанта делта на коронавирусот го зафаќа целиот свет.

Тојота се откажува од рекламите поврзани со Олимписките игри

Тедрос зборуваше додека организаторите објавија дека на Олимпијадата имало 79 случаи на инфицирани. „Белег на успехот е да се осигураме дека случаите ќе бидат идентификувани, изолирани и згрижени што е можно побрзо и дека пренесувањето е прекинато“, рече тој. Здравствените експерти предупредија дека Олимпијадата може да придонесе за брзо ширење на коронавирусот, со оглед на десетиците илјади луѓе што се вклучени во Игрите.