Еден ден пред првата седница на новоизбраниот бугарски Парламент, „Демократска Бугарија“ и „Има таков народ“ веќе водат неформални разговори, изјави за Нова ТВ копретседавачот на сојузот Христо Иванов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Иванов не смета дека неформалните разговори треба да се претворат во политички вести. Според него, очигледно било дека има многу различни сфаќања за целта на разговорот и начинот на кој треба да се води.
На парламентарните избори во Бугарија кои се одржаа на 11 јули победни партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов. Втора е ГЕРБ, партијата предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов.
Тој денеска кажа дека овојпат тие нема да предложат влада и ќе го вратат мандатот, што би им го врачил претседателот Румен Радев како второпласирана партија на изборите, доколку првопласираната партија не успее да формира влада.