Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов вели дека овојпат тие нема да предложат влада и ќе го вратат мандатот, што би им го врачил претседателот Румен Радев како второпласирана партија на изборите, доколку првопласираната партија не успее да формира влада. Според Борисов, од првото заседание на парламентот. што ќе се одржи утре, ќе биде јасно дали ќе има влада, бидејќи индикатор ќе биде изборот на претседател на новоизбраниот бугарски Парламент.
Борисов денеска имаше средба со новоизбраните пратеници од коалицијата ГЕРБ-СДС.
Борисов смета дека Бугарија ќе колабира, ако се доведе до ситуација оваа година да организа и трети парламентарни избори.
На парламентарните избори во Бугарија победник е партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов.