Свадбите во затворен простор го вратија коронавирусот во Дебар

Дебар, Македонија

По повеќе од три неделни во Дебар повторно има позитивни лица на Ковид 19 . Моментално четири лица се позитивни , но оваа бројка се очекува да расте бидејќи можни се класери поради масовноста на свадбите во затворен простор.

Ова за Радио Слободна Европа го изјави дебарскиот епидемиолог Ментор Мела, кој воедно е и раководител на единицата за јавно здравје во Дебар. Тој нагласува дека масовноста на свадбите во затворен простор и гужвите во кафетериите во Дебар преставуваат голема опасност за влошување на епидемиолошката состојба во Дебар и Центар Жупа .

,,Денеска се извршени и други тестови кај лица кои имаа симтоми на Ковод 19“ изјави Мела и додаде дека состојбата е мошне сериозна.

Инаку сите позитивни случаи во Дебар не се вакцинирани, а не биле имунизирани и оние кои денеска се тестирани поради симптоми на ковид 19.

Во Дебар деновиве има и голем број на иселеници кои се пристигнати во родниот крај, а живеат во Италија, Германија, Швајцарија и други земји на ЕУ, како и од Соединетите Држави. Моментално над 2000 иселници и печалбари од Дебар , Центар Жупа и Маврово –Ростуше се пристигнати во родниот крај. Се очекува до крајот на овој месец во регионот бројката на печалбари и иселеници да биде над 4000, што според лекарите преставува нова опасност од ширење на вирусот, бидејќи на свадби и во затворен простор не се носат заштитните маски.