Ајфеловата кула отворена по девет месеци

Од денеска Ајфеловата кула во Париз повторно ќе биде отворена за посетители. Поради пандемијата со ковид 19, таа беше затворена девет месеци што се смета за најдолг период од нејзиното затворање од Втората светска војна.

Лифтовите на Кулата повторно ќе работат и ќе ги подигнат посетителите на висина од 300 метри, со што ќе се стави крај на периодот на неактивност заради пандемијата, јавува АФП.

Земјите ги заоструваат мерките за патување поради коронавирусот

Дневниот капацитет ќе биде ограничен на 13.000 посетители, што е приближно половина од нормалното ниво, со цел да се почитува физичката оддалеченост.

Од 21 јули посетителите ќе мора да покажат доказ дека биле вакцинирани или дека имаат негативен тест за вирусот корона, што е во согласност со прописите што неодамна ги донесе владата.