Ѓоковиќ потврди дека ќе учествува на Олимписките игри во Токио

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе учествува на претстојните Олимписки игри во Токио. „Со голема гордост се пакувам за Токио и ѝ се приклучувам на нашата репрезентација во борбата за најсветлите медали на олимписките арени. За мене, играта за Србија отсекогаш претставуваше посебна радост и мотивација и ќе дадам се од себе да не направам сите среќни! Одиме“, напиша Ѓоковиќ на својот официјален профил на Твитер.

Ѓоковиќ ја освои шестата титула на Вимболдон

По триумфот на Вимблдон, тој рече дека се двоуми дали да учествува на Олимписките игри, со оглед на бројните ограничувања во Токио. Најдобриот тенисер на светот, најголемиот успех на Олимпијадата го постигна во 2008 година, кога освои бронза. Тенискиот турнир во Токио започнува на 24 јули.