Амбасада на САД за случајот Дечани: игнорирајте ги гласините, почекајте ги фактите

Локална болница во општина Дечани

Американската амбасада во Приштина апелираше до граѓаните и новинарите во Косово да ги „игнорираат гласините“ и да ги чекаат фактите во врска со масовното труење со вода во општина Дечани. „Нашите мисли се со оние кои страдаат од здравствена опасност во Дечани. Иако ќе бидат направени повеќе тестови, Министерството за здравство верува дека бактериите се можна причина за симптомите. Новинарите и граѓаните да ги игнорираат гласините. Чекајте ги фактите“, се вели во соопштението на амбасадата.. Претходно, според приштинските медиуми, членот на Алијансата за иднината на Косово, Тиме Хадријај, изјавил дека еден од жителите на Дечани видел „двајца сомнителни Срби“ непосредно пред масовното труење со вода на жителите на таа општина.

Се чека биолошка анализа на причините за труењето во Дечани


Националниот институт за јавно здравје на Косово претходно објави дека по анализата, биле идентификувани „некои бактерии“ што би можеле да дадат индикација за загадувањето на водата за пиење. Според информации во медиумите, над 1.500 лица побарале помош од саботата под сомнение дека се отруени. Претходно, градоначалникот на Дечани прогласи вонредна состојба во општината.