СЗО ќе информира за наредната истрага за потеклото на ковид-19

Компјутерска слика на коронавирус

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус денеска ќе ги извести 194-те земји-членки на СЗО во врска со предложената втора фаза на истрагата за потеклото на пандемијата на ковид-19 во Кина. Според него, имало недостаток на сурови податоци за првите денови на ширење таму и ги повика кинеските власти да бидат потранспарентни. Тим предводен од СЗО помина четири недели во и околу градот Вухан со кинески истражувачи и во заедничкиот извештај во март соопшти дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно. Во него се вели дека „инфицирањето преку лабораториски инцидент се сметало за крајно малку веројатна патека“, но земјите, вклучително и САД и некои научници не се задоволни од ваквата оценка

СЗО: Кина подобро да соработува во испитувањето на потеклото на пандемијата

. „Бараме Кина да биде транспарентна и отворена и да соработува“, рече Гебрејезус на вчерашната прес-конференција, додавајќи: „Им должиме на милионите кои страдаа и на милионите кои загинаа да знаат што се случи“. Кина ја нарече „апсурдна“ теоријата дека вирусот може да избега од лабораторијата во Вухан и постојано тврди дека „политизирањето“ на ова прашање ќе ги попречи истрагите. Германскиот министер за здравство Јенс Спан, кој вчера разговараше со Гебрејезус ја повика Кина да овозможи продолжување на истрагата за потеклото на пандемијата, велејќи дека се потребни повеќе информации.