Полскиот Уставен суд пред одлука која може да го продлабочи конфликтот со ЕУ

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки

Уставниот суд во Полска денеска треба да донесе пресуда за тоа дали уставот има предност пред договорите на ЕУ, во случај што може да го продлабочи судирот на Варшава со Брисел во врска владеењето на правото. Конечната пресуда се очекуваше на 13 јули, но судот ја одложи по неколкучасовните расправи и соопшти дека ќе го продолжи сослушувањето денеска. Варшава има за цел да возврати на, како што вели, неоправданото мешање во нејзините внатрешни работи од страна на Европската комисија. Критичарите велат дека доведување во прашање на приматот на правото на ЕУ го нарушува функционирањето на Унијата и го загрозува продолжувањето на членството на Полска.

Дебата во ЕУ за слобода на медиумите во Полска, Унгарија и Словенија

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки побара преглед по привремената одлука на Судот на правдата на ЕУ против дел од реформата што ја спроведе неговата националистичка влада. Европската комисија побара од Полска да не го доведува во прашање приматот на правото на ЕУ, изразувајќи загриженост дека ги оспорува основните принципи на блокот. Омбудсманот на човековите права, Адам Боднар, гласен критичар на владата, го предупреди судот дека изборот да не се придржува кон законите на ЕУ може да има сериозни последици. „Ако Уставниот суд го следи овој пат, тој си игра со оган што порано или подоцна ќе доведе до отстранување на Полска од ЕУ“, рече тој.