Во Грција задолжително вакцинирање за одредени работници

Кирјакос Мицотакис

Грција ги направи вакцинирањето против ковид-19 задолжително за одредени работници и објави ограничувања за спречување на ширењето на вирусот, бидејќи инфекциите постојано се зголемуваат за време на туристичката сезона. „Земјата нема да се затвори повторно поради некои“, рече премиерот Кирјакос Мицотакис во телевизиското обраќање во кое ги најави мерките. Оценувајќи: „Не е во опасност Грција, туку невакцинираните Грци“. Персоналот за стари лица ќе треба веднаш да се вакцинира, додека здравствените работници ќе треба да се вакцинираат од 1 септември, рече Мицотакис.

Грчки тинејџери се заразиле со коронавирус на забава на островот Иос

Како дел од новите мерки, само вакцинираните клиенти ќе имаат дозвола во затворени простории во барови, кина, театри и други затворени простори, рече тој. Грција која има околу 11 милиони жители, досега спроведе повеќе од 5.200.000 први вакцинации, а околу 41% од општата популација е целосно вакцинирана. Во обид да примами повеќе луѓе да се вакцинираат, владата понуди стимулации, вклучително и готовина и бесплатен мобилен интернет. Целта на ова кампања, насочена пред се кон младите е зголемување на стапката на вакцинирани до 70% до есен. Грција оваа недела ќе започне со вакцинирање на тинејџери на возраст од 15 до 17 години против коронавирусот, соопштија властите во понеделникот.