Одбраната на Ристовски: „Џејмс бондовски“ се исказите на Нинџа за 27 април

Обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски на прво рочиште од судењето за 27 април

„Џејмс бондовски сценарија“ даваше како искази сведокот на обвинителството Аленсандар Василевски – Нинџа, тврди одбраната на обвинетиот Спиро Ристовски во завршните зборови за предметот „Организатори на насилниот упад на 27 април во Собранието. “ Адвокатот Гоце Ристевски, истакна дека овој сведок дал контрадикторни изјави со кои го инволвирал и обвинетиот Ристоски. Тој тврди дека од обезбедените листинзи на телефонски разговори може да се утврди дека Нинџа и Ристоски немале комуникација.

„Во првичниот исказ сведокот Нинџа, воопшто не го споменува Спиро Ристовски. Со ваквото обвинение јас сум свесен дека јавниот обвинител го проготал овој детал во сведочењето на овој дискретидивен сведок по сите основи, но сум убеден дека вие како право-раздаватели нема да дозволите да вакви циркузи да поминуват при утврдување на решителните факти“, рече Ристовски.

Обвинетиот Рисовски негираше дека тој ден имал разговарал со дел од обвинетите, а за СМС комуникацијата со поранешниот спикер на Собранието Трајко Вељаноски рече дека е извртена и нема никаква врска со инцидентите.

„Сигурен суд дека судечкиот совет ќе ја цени вистинската смисла и поента на оваа комуникација , а не она што значи очаен обид на обвинителството за извртување на очигледната вистина. За да се зајакне впечатокот на ваквата моја комуникација со Трајко Вељаноски и желбата на обвинителството тоа да го изврти, нормално тука се вклучува и омилениот сведок на обвинителството Александар Василевски Нинџа,“изјави Ристовски .

Судењето за „Организаторите на 27 април” e во фаза на завршните зборови. Минатите рочиште ова право го искористија обвинителството и обвинетиот Трајко Велјановски.

Претходно обвинителката Вилма Русковска достави изменето обвинение и рече дека Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Спиро Ристоски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски направиле план за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за да спречат мирно примопредавање на власта, што довело до напад на Собранието.

Инаку, во предметот обвинети како организатори на настаните на 27 април се поранешниот собраниски спикер Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Јанакиески и Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски. Според обвинението, тие се осомничени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Според обвинителеството, тие од партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ издавале команди за делување на полицијата и на напаѓачите.

Крвавите настани на 27 април се случија пред четири години откако поддржувачите „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието, откако тогаш опозициската СДСМ заедно со ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса го формираа парламентарното мнозинство и го избраа Талат Џафери за собраниски спикер, по што следеше упадот. При упадот во Собранието, нападнати беа пратеници, новинари и други присутни во Собранието.