Борис Џонсон го осуди расизмот насочен против фудбалските репрезентативци

Моментот кога италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума го брани пеналот на Букајо Сака

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го осуди расистичкото наведување на тројца англиски репрезентативци кои промашија пенал во поразот од Италија во финалето на Европското првенство во фудбал.

Џонсон на Твитер објави дека „на одговорните за ова ужасно малтретирање треба да им е срам“.

Маркус Рашфорд погоди статива, а голманот на Италија синоќа им ги одбрани пеналите на Букајо Сака и на Џејдон Санчо.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Како се славеше во Италија титулата европски шампион

Италија ја победи Англија со 3:2 на пенали, откако натпреварот во регуларниот дел и по продолженијата заврши нерешено 1:1.

На социјалните мрежи веднаш се појавија расистички навреди на сметка на тројцата репрезентативци.

Англиската фудбалска асоцијација објави соопштенија во кое вели дека е „згрозена од одвратното однесување“.

Лондонската полиција отвори истрага и соопшти дека таквите навреди на социјалните мрежи нема да бидат толерирани.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан ги повика компаниите сопственици на социјалните мрежи веднаш да реагираат да ги отстранат и спречат коментарите со говор на омраза.

„Апсолутно нема место за расизам во фудбалот или каде било на друго место“, напиша тој на Твитер.