Уште четири тела беа пронајдени во урнатините од висококатница во Флорида, со што бројот на жртви се искачи на 90. Од пронајдените тела, 71 се веќе идентификувани, а 31 луѓе сè уште се водат како исчезнати, по уривањето на зграда од 12 ката на 24 јуни.
Меѓу загинатите има и деца.
Властите очекуваат да ја завршат потрагата по исчезнатите во наредните недели.
Тим од израелски трагачи дојде да им помогне на американските колеги.