Проект за спојување на гасоводите на Македонија и Грција

Министерот Крешник Бектеши

Македонските и грчките власти потпишаа договор со кој треба да се спојат гасоводите на двете земји. Проектот е вреден околу 100 милиони евра. Договорот за изградба на спојката за природен гас денеска во Атина го потпишаа министерот за економија Крешник Бектеши и грчкиот министер за животна средина и енергија, Костас Скрекас.

Бектеши по потпишувањето на договорот рече дека договорот е голем чекор напред кон подобрување на енергетската структура на С. Македонија.

Грчкиот министер вели дека со договорот ќе се создадат илјада работни места за време на изградбата и проектот што ќе ги обедини двата системи за гас ќе се помогне во дополнителниот развој на економиите на двете земји.