СЕ: Словенија да ги интензивира мерките за подигнување на свеста за малцинските јазици

Љубљана

Комитетот на експерти од Европската повелба за регионални или малцински јазици повтори дека Словенија треба да ги преземе неопходните чекори за признавање на хрватскиот, германскиот и српскиот јазик како традиционални малцински јазици и истакна дека што поскоро да започне дијалог со претставници на трите јазици за примена на Повелбата за јазиците. Што се однесува до хрватскиот и српскиот јазик, Комитетот повтори дека постојниот Совет за национални заедници на поранешна Социјалистичка Федерална Република Југославија не дејствувал како соодветна рамка за консултации за хрватскиот и српскиот јазик како малцински јазици, соопшти пан-европската организација со седиште во Стразбур.

ЕУ позитивно го оцени словенечкиот план за обнова

„Друга препорака за хрватски, германски и српски јазик беше промовирање на свеста за овие јазици и култури како составен дел од словенечкото културно наследство во редовното образование и медиумите. Тука властите не дале конкретни информации освен повикувањето на обврската на РТВ Словенија да го поддржи ширењето на знаењето за другите култури присутни во земјата“, се вели во соопштението.