МЗ: Граѓаните масовно да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни

Вакцинацијата е единствен начин да се спречи ширењето на делта-сојот во земјава, а со тоа да се спречи и евентуален нов силен бран на вирусот, соопштуваат денеска од Министерството за здравство.

„По детектирањето на 7 пациенти кај кои е утврдено присуство на индиската варијанта, се испостави дека истите не биле вакцинирани, што уште еднаш го потврдува фактот колку е потребно граѓаните што побрзо да се вакцинираат“, соопштија од министерството.

Од таму нагласуваат дека делта-сојот е присутен во околу 100 земји во светот, па затоа како што велат и ние како држава не може да бидеме изземени тој да се рашири и кај нас.

„Состојбата во нашата земја, гледано од епидемиолошки аспект засега е мирна, секојдневно се следи ситуацијата и се прават анализи на истата. Сепак, делта-сојот има висока трансибилност, оттука важно е граѓаните масовно да се вакцинираат. Сите официјални информации од меѓународните здравствени институции, домашни анализи на експерти и стручњаци во областа на вирусологијата и епидемиологијата, укажуваат на тоа дека единствен начин да се спречи ширењето на делта-сојот или другите соеви на SarsCov2 е вакцинацијата“, велат од здравство.

Филипче - Потврден четврти случај на делта сојот

Од таму додаваат дека сите вакцини кои ги има кај нас се безбедни признаени од СЗО и националните институти на земјите што ги произведуваат.
Надлежните потенцираат дека секоја вакцина е ефикасна и штити од тешка форма на болеста, компликации или смртен исход.