Министрите за одбрана на Турција и САД ќе разговараат за аеродромот во Кабул

Авганистански полицаец стои на стража пред Боинг 737-500 на авганистанскиот носач Кам Ер на меѓународниот аеродром во Кабул, архивска фотографија

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар најави дека денеска ќе разговара со неговиот американски колега Лојд Остин за планот на Турција да работи и да го чува аеродромот Хамид Карзаи во Кабул по повлекувањето на НАТО од Авганистан. Анкара понуди да управува и да го чува аеродромот по повлекувањето на НАТО и разговараше со сојузниците за финансиска, политичка и логистичка поддршка.

Германија ги повлече своите војници од Авганистан

Безбедноста на аеродромот е клучна за операциите на дипломатските мисии во Авганистан по повлекувањето. Акар рече дека разговорите за деталите за мисијата се уште траат и дека аеродромот мора да биде оперативен за авганистанската влада да не биде изолирана од светот по повлекувањето.