Проработи вулкан во близина на Манила

Вулканот Таал во близина на Манила

Вулканот Таал, на околу 50 километри јужно од Манила, веќе една недела исфрла отровен гас кој може да загрози скоро 300 илјади луѓе и ја прекри Манила и околните подрачја со смог.

Таал се наоѓа на средина на езеро и е еден од најактивните на Филипините, држава во таканаречениот „Огнен појас на Пацификот“, подрачје со исклучителна сеизмичка и вулканска активност.

Најмалку 2400 жители на селата во близина веќе ги напуштиле своите домови и се засолниле кај свои роднини или во училишни згради кои се затворени поради коронавирусот, а се планираат и понатамошни евакуации.

Кога Таал еруптираше претходниот пат во јануари 2020 година, беа евакуирани 135 илјади луѓе, угина многу стока, а десетици куќи беа проголтани од лавата.